Кој телефон е најиздржлив: HTC Sensation, Samsung Galaxy S5 или iPhone 5Ѕ?

Кој е најсилниот паметен телефон на пазарот денес? Меѓу најпопуларните водечки модели  изгледа е HTC One M8, кој преживеал нешта што се покажале катастрофални за неговите конкуренти Samsung Galaxy S5 и iPhone 5S.

Од TechSmartt спроведоа тест испуштајќи ги трите телефони прво од висина од околу еден метар, а потоа и од височина од главата и дури од над главата на човекот, за да видат кој од нив ќе преживее.

Првиот телефон, кој не го издржа тестот е iPhone 5S. Телефонот на Apple се справи многу добро во слични претходни тестови (што веројатно се должи на релативно малиот  екран), но кај овој тест  слета право на екранот, кој не го преживеа падот.  По падот од височина од над главата Galaxy S5 е следниот телефон кој престана да работи по фатално оштетување на екранот додека HTC One остана единствениот телефон кој продолжи да работи.

Сепак,  како што забележува и човекот кој што го спроведува тестот нема како да се потврди дека телефоните паѓаат на земјата на ист начин. Во секој случај тестовите колку и да не се веродостојни барем се забавни за гледање.

- Реклама -