Може ли Ди Каприо да го надмине Редфорд? (видео)

Филмот „Големиот Гетсби“, адаптацијата на познатиот роман на Скот Фицгералд , режисерот Баз Лухман планира да го прикаже во 3Д-верзија, со визуелизација на класичната проза достојна за 21-от век.

Главната улога во филмот ја толкува Леонардо ди Каприо, а покрај него играат и Тоби Мегвајр, Кери Мулиган и Џоел Еџертон. За музиката на овој филмски проект се задолжени раперите Кание Вест и Џеј Зи.

Ова е седмата екранизација на „Големиот Гетсби“, а најпопуларна верзија е онаа на режисерот Џек Клејтон од 1974 година, во која улогата на Гетсби му припадна на Роберт Редфорд. Дали Ди Каприо ќе успее да го засени Редфорд ќе може да видиме на крајот на годинава, на 25 декември, пишува „Хафингтон пост“.

{youtube}G7DonhNflsw{/youtube}

- Реклама -