Да пливаме со диви свињи! Не е шега

Сте пливале ли некогаш со свињи? Ако не сте, тоа е сигурно така бидејќи не сте биле на Бахамите. Таму има едно егзотично место, каде што  најголемата атракција на плажата  и во океанот се дивите свињи кои што пливаат. Станува збор за остров на кој свинчињата живеат како во рај,  се шетаат по плажа, а кога ќе им стане премногу топло, се заплискуваат во кристално бистрите води на океанот.

Токму овие диви свињи се најголемата атракција за туристите на Биг Мејџор Спот Ајленд и  „плажата на свињите”. Грофтачите  пливачи  ги пречекуваат бродовите со туристи и се многу дружељубиви.


Иако се диви, тие  се подготвени дури и да позираат за слика. За туристите пак е одлична атракција да пливаат во кристалните води во заливот во друштво на свињи.

одговараат игри на плитки, кои се одлично шоу за туристите.

 

- Реклама -