Пеколна свирка: 20 луѓе повредени на концерт на Металика

Полицијата наведува дека повредени се и еден полицаец и тројца припадници на обезбедувањето, додека околу 50 луѓе се уапсени.
Во текот на концертот, кој синоќа се одржа во Асунсион присуствуваа 35.000 гледачи, додека околу 2.000 млади кои немале карти се обидувале повеќе пати со сила да влезат во арената, гаѓајќи ја полицијата со флаши и камења, пренесуваат сведоците на немилиот настан.

Полицијата возвратила со гумени истрели, при што 20 огорчени фанови на Металика биле повредени.

Полицијата наведува дека повредени се и еден полицаец и тројца припадници на обезбедувањето, додека околу 50 луѓе се уапсени.

Металика е на турнеја низ Јужна Америка, која завршува на 30. март во Буенос Ајрес.

- Реклама -