Како да ги изберете најсвежите плодови кога купувате?

Кога пазариме зеленчук и овошје, инстинктивно избираме плодови што изгледаат најдобро и најсвежо. Сепак, има подобар начин да пресудиме кој во купот е посвеж. Штосот е во тежината.

Ducasse_grocery-shopping_fresh_fruit_640X480

Како што предлага редиторот Jackytar, потешките плодови содржат повеќе вода. Ова особено е случај со овошјето, а најспецифичен кај портокалите. Уште еден корисник на сајтот, DungMaggot, објаснува дека ова е најдобриот начин да ги изберете најсвежите плодови:

“Ова важи за сите видови овошје и зеленчук, особено за овошјето – јаболки, портокали, лимони, праски, сливи, грозје… Не ги селектирајте по изгледот; подигнете ги. Во раката, треба да бидат потешки отколку што би требало да бидат според изгледот и големината. Ако тоа е случај, проверете дали имаат некакви оштетувања или мувлосани делови. Ако немаат, сте го направиле вистинскиот избор”.

- Реклама -