Мајката природа е можеби најдобрата енергија, која воопшто постои на овој свет.
Таа е творец на сè што гледаме и чувствуваме – од најмалите суштества до неверојатните растенија. Ние луѓето постојано се обидуваме да создаваме вештачки средини, но не сме на сантиметар поблиску до она што таа го направила за нас.
Природата совршено успеала да го позиционира се што е живо, синхронизирано и еко врамнотежено. Сè има своја смисла. Во денешниот напис ќе ве запознаеме со неколку различни и интересни факти за животинското царство. Можеби дел од нив веќе ги знаете, а други не. Но сигурно ќе останете изненадени барем од еден:)
1. Јазикот на камелеонот, може да ги стигне димензиите на неговото тело.
2. Големата бела ајкула може да почувствува капка крв во 114 литри вода, па дури и може да почувствува мали количества крв, растворени на оддалеченост од 5 километри од неа.
3. Јазикот на синиот кит тежи колку возрасен слон.
4. Сините китови се најгласните цицачи. Тие произведуваат ниско-фреквентни „импулси”, кои можат да бидат слушнати од повеќе од 805 километри.
5. Болвите можат да скокаат растојанија 100 пати од должината на телото.
6. Остригите можат да го променат полот неколку пати за време на нивниот живот.
7. Забите на дабарот никогаш не престануваат да растат. Затоа треба да ги џвака стеблата и гранките, за да ја редуцира нивната должина.
8. Гепардите можат да развијат брзина од 97 км / ч за 3 секунди
9.Лодкарот може да бучи од 105-децибели преку триење на пенисот во стомакот.
10. Машките императорски пингвини ќе стојат без да јадат во текот на два месеци во Антарктикот, додека женските одат да се хранат.
11. Во овие два месеци, мајката минува растојание од 80 км во секоја насока, за да лови, а откако ќе најде храна се враќа кај своето бебе со стомак полн со храна. Таа ја повраќа оваа храна, од која се храни семејството.
12. Морските коњчиња се моногамни и се парат за цел живот.
13. Тие исто така се и единствените животни на земјата, каде што машките можат да забременат.
14. Името “јагуар” доаѓа од локален американски збор кој значи: „оној кој убива со еден скок.”
15. Сите риби се раѓаат како машки и си го менуваат полот, за да се претворат во доминантна женска за време на половиот акт.
17. Волкот може да изеде до 10 килограми месо на едно јадење.
18. Мравојадите јадат околу 35.000 мравки дневно.
19. Африканските слонови се цицачите со најдолга бременост – речиси две години.
20. Вака изгледа скорпијата осветена со ултравиолетова светлина:
Скорпиите се неверојатно издржливи, и се во можност да живеат на јадејќи само некој инсект текот на целата година. Научниците ги замрзнале скорпиите за една ноќ, а кога ги одмрзначе, биле неповредени.
21. Лилјаците – вампири се хранат целосно со крв. Колонија од 100 лилјаци годишно ја пие крвта на 25 крави.
22. Камелеоните не менуваат бои за да се спојат со нивната околина, туку за да изразат различни чувства и специфични реакции.
3. Не постојат двa тигари кои имаат точно еднакви линии.
24. Слоновите можат да го намирисаат присуството на вода од неколку километри оддалеченост.
25. Кога една пчела мајка умира, пчелите работнички создаваат нова кралица преку гоење на женска пчела со „матичен млеч”, што ја прави плодна.
26. Арапските камили ретко се „потат”, но се способни да испијат околу 136 литри вода за пиење за помалку од 15 минути.
27. Колиброто мавта со крилјата околу 53 пати во секунда. Тие можат да летаат назад и со главата надолу, за да кружат околу она што тие сакаат.
28. Кога анакондите се парат, неколку конкурентски машки поединеци можат да формираат една топка околу женската, која што дел од ритуалот. Ова може да трае околу еден месец.
29. Морските краставици плукаат некои од нивните внатрешни органи преку анусот како заштитен механизам.