Професорот ги казнува учениците така што им кажува кој ќе умре следен во „Game od Thrones“

 

Професор по математика измислил оригинален начин како да ги казнува своите ученици.

За некои ова е и малку застрашувачко, бидејќи откако некој ќе згреши, на таблата го испишува името на следниот „губитник“ во серијата „Игра на престоли“.

Професорот е запознаен со содржината бидејќи веќе ги прочитал книгите на Џорџ Р.Р. Мартин и штом часот ќе појде во непосакуваниот правец тој се заканува дека ќе ја обелодени следната жртва во серијата.

Со оглед на популарноста на серијата, не е изненадувачки што овој метод вродил со плод.

- Реклама -