Не е никаков новитет успешната соработка на нашата најпозната манекенка Катарина Ивановска со престижниот американски бренд Banana Republic, но овој пат детално ви го прикажуваме каталогот за колекцијата пролет-лето 2014.
Македонската убавица одлично се носи со прекрасните лежерни и елегантни парчиња облека кои ќе се најдат на полиците низ продавниците на Banana Republic за сезоната која следува. Погледнете ја Катарина во уште едно издание кое на прв поглед пленува и го освојува светот. Фотографиите се превземени од нејзината официјална фан-страница на социјалната мрежа Фејсбук.