Постапката за избелување на забите во стоматолошките ординации чини навистина многу, па доколку сакате да ја вратите нивната белина, можете да го направите тоа и на природен начин. Сето она што ви е потребно веројатно веќе го имате во вашата кујна.
Сода бикарбона
Освен што ја избелува облеката кога ќе ја додадете во прашокот за перење, таа има моќ да ги избели и вашите заби. Нанесете ја на четката, и измијте ги забите како и вообичаено. Сепак, ова не смеете да го правите премногу често. Најмногу еднаш неделно, или пак на две недели.
Целер
Целерот воглавно се состои од вода, а џвакањето на оваа намирница може да го исчисти талогот и бактериите насобрани на површината на забите.
Јагоди
Звучи необично, но јагодите се исто така намирница која може многу да помогне при избелувањето на забите. Изгмечени, нанесете ги на забите и истријте. Оставете да отстои минута, и исплакнете ја устата со вода и паста која содржи флуор. Ова овошје содржи влакна кои можат да ги исчистат бактериите од устата.