Кога беше последниот пат кога скокавте на јаже? Забавно е, евтино и неверојатно ефективно за вашето тело.
Всушност, вежбите кои вклучуваат скокање на јаже се неверојатно моќна алатка која може да ви помогне да се справите со вишокот килограми, брзината, кондицијата, проблемите со срцето, како и оформувањето на фигурата на вашето тело. Оваа техника за вежбање станува се повеќе популарна и меѓу познатите ѕвезди, меѓу кои е и бразилската убавица Адриана Лима.
Во видеото подолу се прикажани 23 начини на кои можете да вежбате со помош на јаже за скокање. Обидете се да го искористите слободното време правејќи ги овие вежби и за краток период ќе бидете изненадени од резултатите.