„Оброците се еден од најпосебните моменти за секое семејство“. – Оваа идеја беше појдовна точка за проектот на турскиот дизајнер Fatih Can Sarıöz, кој креираше еден необичен и целосно уникатен концепт. Креирана да изгледа како гломазна бела топка кога е затворена, и како цвет кој расцутува во моментот на отворањето, оваа маса за кусо време ги придоби симпатиите на дизајнерите ширум светот. Во средишниот дел се наоѓа сино светло кое дополнително ја разубавува креацијата, а околу самата маса се сместени шест столчиња.