Жените добиваат два вида на оргазам

Со векови лекарите тврдат  дека жените можат да добијат два вида на оргазам – клиторичен и вагинален.

Разликата помеѓу двата типа задоволство, како и причината тие да бидат се уште предмет на длабоки спорови и дискусии од страна на лекарите и научниците.

Во обид да стават точка на предизвиканите дискусии,  француските научници и гинеколози користеле машина за сонографија со која ги  мереле  малите промени во протокот на крв за време на надворешно и внатрешно стимулирање.

Истражувањето покажува дека надворешната стимулација на клиторисот не вклучува внатрешните корени на клиторис, но во вагиналната стимулација учествуваат како коренот, така и на надворешниот дел на клиторисот. Ова, за возврат значи дека теоријата за два вида на оргазам кај дамите е целосно веродостојна.

Француските лекари, кои го спровеле истражувањето, се категорични дека се забележани функционални разлики во зависност од видот на стимулација.

- Реклама -