Трендови: Нокти како шеќерна волна

Покрај трендовите присутни на облеката и на модните додатоци, секоја пролет и лаковите за нокти додаваат свој печат на секојдневниот изглед. Пролетва ќе доминираат пастелните бои, и тоа леденосина, виолетова, светложолта, нежнорозова како шеќерна волна и бледозелена.

Овие пастелни бои одлично одговараат на разиграното летно шаренило што доминира кога е облеката во прашање. Иако овие бои добро се комбинираат со речиси секое парче облека, леденосината најдобро си одговара со сива и розова, жолтата со црвена и бела, розовата со црна и портокалова, а зелената со кафена и крем боја на облека.

Во тренд се и необичните форми на уметност на ноктите. Меѓу нив доминира стилот „омбре“. Станува збор за нокти на кои се провлекуваат повеќе нијанси од една боја, независно дали бојата ќе биде нијансирана на секој нокт или ќе почне од најсветлата нијанса на палецот, за да продолжи до најтемната на малиот прст.

Уште една интересна опција се лаковите што им даваат кршен изглед на ноктите. Овие лакови ги има во сите можни бои, а се нанесуваат откако ноктите ќе ги налакирате со најмалку два слоја лак во боја по желба. Откако целосно ќе се исуши, нанесете еден тенок слој од лакот што се крши на ноктите. Слојот морат да биде тенок и ноктите мора да се целосно суви, бидејќи во спротивно ефектот нема да ви успее. Тестирано! 🙂

- Реклама -