Стоунхенџ е музички инструмент?

Со векови човештвото се обидува да  даде одговор што точно претставува камениот круг Стоунхенџ .Според британските експерти при удар врз камењата се емитува  звук, налик на оној што доаѓа од удрен гонг. На оваа основа научниците веруваат дека всушност Стоунхенџ бил свет металофон. Тие сметаат дека местото можеби било домот на раната рок музика.

Оваа теорија би можела да објасни и зошто камењата се наредени во круг – за да одекнува создавањето на  звук.

„Досега никој не го гледал звучниот фактор во Стоунхенџ”, вели специјалистот за акустика Пол Деверо.

Научниците удрија  со метални чекани по камењата и слушнале звуци, кои личат на оние од гонг или тапан. Тоновите се со различна висина и можат да бидат подредени во мелодија, тврдат научниците.

 

- Реклама -