Наполни 74: Чак Норис не слави роденден, роденденот го слави него

Легендата вели дека Чак Норис е бесмртен и затоа не ги брои годините, но кога би го славел роденденот, би го славел денес.

Популарниот „тексашки ренџер“ еднаш наводно изел цела роденденска торта пред да сфати дека внатре се криела стриптизета.

Слика и прилика на мачо маж

Поради мачо имиџот и улогите на насилници кои се борат на страната на доброто, Чак Норис (74) стана предмет на бројни вицеви и шеги. Сепак, дури и оние кои се шегуваат на негова сметка нема да останат рамнодушни кога ќе се најдат со него лице в лице.

Ни Брус Ли не му може ништо

Вооружен само со пар каубојски чизми и шешир, како Вокер, тексашки ренџер, воведува ред и носи страв во коски на своите противници.

Чак Норис не се смее

Во филмот „Патот на змејот“ играше рамо до рамо со легендарниот Брус Ли, а во вториот дел од филмот „The Expendables“ покажа дека сеуште е тврдо „копиле“.

Со жената ја покажува нежната страна

Норис е роден во Рајан, Оклахома, и пред да почне да работи како актер, има изградено кариера во боречки вештини.

Чак Норис може да го удри својот противник толку силно, што може да му ја смени ДНК-та.

Оженет е со Џин О’Кели, која е помлада од него 23 години и ова е негов втор брак. Карлос Реј Норис, е неговото вистинско име, има четири деца и девет внуци.

„Факти„ за Чак Норис:

1. Првото правило за Чак Норис е „никогаш не се зборува за Чак Норис“.

2. Кога Чак Норис игра „Монопол“, тоа влијае на светската економија.

3. Чак Норис може да испие цела вода од чешма на екс.

4. Чак Норис ја изгубил невиноста пред својот татко.

5. Чак Норис не јаде мед, тој џвака пчели.

6. Чак Норис веќе бил на Марс, затоа таму не постои живот.

7. Чак Норис може со голи раце да подели атом на два дела.

8. Чак Норис е единствениот кој го победич ѕидот во партија тенис.

9. Чак Норис може да подели со нула.

10. Чак Норис не знае каде живееш, но знае каде ќе умреш.

- Реклама -