Митови и факти за јогата

Јога (што значи „единство”) е една од најбрзо растечките и популарни глобални практики поврзани со областа на спортот и одржувањето на здравјето. Според последните пресметки таа има над 250 милиони следбеници во целиот свет, а еве и некои други статистички факти поврзани со јогата:

-70-80 проценти од практикантите се жени, чија просечна возраст е во опсег 35-45 години. -90 проценти од нив имаат завршено високо образование -60 проценти заземаат менаџерски позиции.

А еве и неколку од најголемите митови и заблуди поврзани со јогата, кои во никој случај не се поврзани со реалноста:

Мит: Тоа е древна пракса.

Факт: Современите форми датираат од 20-тите години на минатиот век.

Мит: Јогата настанала како духовна пракса.

Факт: Идејата е вкоренета од античко љубовните практики.

 

Мит: Преку практикување  се постигнуваат чуда.

Факт: Како последица на практикувањето  се забележани промени, кои некои луѓе погрешно ги толкуваат како чуда.

Мит: Јогата може да го запире биењето на срцето.

Факт: Можно е да се запре привремено протокот на крв, но не и срцето.

Мит: Практикувањето на  јога го зголемува количеството на кислород во телото.

Факт: Брзото дишење го намалува нивото на кислород во мозокот .

Мит: Јогата го забрзува  метаболизмот.

Факт: Всушност го  успорува.

Мит: Помага за симнување на килограми.

Факт: Одложувањето на метаболизмот, значи дека може да помогне за нивното качување.

Мит: Практикувањето  е апсолутно безбедно.

Факт: Ако не се направи правилно јогата може да биде и опасна.

Но, се разбира не сè што е поврзано со јогата е негативно, дел од позитивните резултати поврзани со практикувањето  се подигнато расположение, подобрено здравје, подобри интимни односи, и помага на генијалноста, го намалува стресот, го забавува процесот на стареење, ја зајакнува отпорноста на организмот, го подобрува балансот…

- Реклама -