Многу припадници на понежниот пол, поради сите обврски во домот, семејството, работата, честопати знаат да кажат „ Жена да не си“.Меѓутоа, сепак постојат голем број на причини поради кои што е добро да се биде жена.
– На улица можат да прашаат некого за насока и да не им биде срам.
– Жените со годините имаат се поголема желба за секс.
– Ако некој забележи жена која плаче, ќе помисли дека е емотивна, додека за мажите ќе помисли дека е слаб.
– Имаат бесплатна психотерапија кога ќе се видат со другарките.
– Од жените не се очекува да знаат се да поправат.
– Жените што не гледаат фудбал, не се предмет на чудење.
– Не мораат први да ѕвонат за состанок, бидејќи тоа не се очекува од нив.
– Знаат дека детето е нивно и без ДНК.
– Способни се во исто време да телефонираат, да гледаат ТВ и да пеглаат.
– Од жените не се очекува да носат тешки предмети.
– Жените подобро разликуваат бои.
– Во најголем број случаи, после развод, децата одат кај мајката.