Германскиот автомобилски гигант Daimler AG, кој воедно е и сопственик на брендот Mercedes- Benz, планира да ги интегрира Android телефоните со патниот систем.
Во делот за слободни работни места на Daimler AG е објавен оглас за инженер – програмер за проектот Google Projected Mode, во рамките на кој ќе биде обезбедена интеграцијата на Android телефони во системите на Mercedes- Benz.
Во огласот не се соопштуваат детали за новата технологија, но најверојатно станува збор за интеракција на телефоните со автомобилската електроника.
Информативниот забавен систем ќе може да се вклучува кон Android уреди, овозможувајќи им на возачите да разговараат, разменуваат пораки, и да пуштаат музика.
Управувањето на телефонските функции ќе станува од екранот на мултимедијалниот комплекс или со помош на гласовни команди, слично на автомобилските системи кои ги нуди Apple.
Претходно оваа година Google создаде отворена патен-алијанса која ќе се развива и наметнува автомобилски системи на платформа Android. Во неа се вклучија компании како Audi , General Motors , Honda Motor и Hyundai, Google и инвеститорот на мобилни и графички процесори Nvidia.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk