Јапонците плачат на семинари ( Видео)

Наречен „ Познавач на солзите“, Такаши Сага им помага на луѓето во Јапонија да се ослободат од стресот со плачење.

Имено, тој одржува семинари, на кои што ги тера луѓето да читаат книги, или, гледаат филмови и видеа што ги доведуваат до солзи.

Тој го организира овој семинар за плачење, два пати месечно, бидејќи како што вели,  плачењето во Јапонија нема добар имиџ.

„Луѓето веруваат дека плачењето е нешто што се прави приватно затоа што е знак на слабост. Смеењето го намалува стресот краткотрајно. Истражувањата покажуваат дека плачењето делува исто, но позитивното влијание трае и до една недела. Плачењето е подобро за физичкото и психичкото здравје, вели Такаши Сага.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

- Реклама -