Магични шумски скулптури од дрво

Во својата приватна градина, автралискиот уметник Бруно Торфс резба неверојатни дрвени скулптури. Неговите дела се доказ дека и дрвото може да има емоции. Преку огромна доза фантазија и необични ликови, вплетени во ситни детали (аголот на рамењата, формата на очите) уметникот изразува љубов, радост и тага. Уште повпечатливо е тоа што по обработката, тој ги остава скулптурите необоени, што прави да изгледаат како да се неразделив дел од околината.

Скулптурите се инспирани од неговите патувања. На почетокот на неговата кариера, тој ги резбал и сликал лицата на луѓето што ги сретнал. Неговата работа станала толку популарна што тој и неговото семејство се преселија од Европа во Австралија, за да ја отворат „Бруновата уметничка градина на скулптури“, каде што се постојано изложени за посетители.

Па така, ако имате прилика, не пропуштајте да ја посетите оваа магична шума.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11

1

- Реклама -