7 плодови кои ги бришат брчките

Дали сте знаеле дека „фонтаната на младоста“ се наоѓа во кујната? Следните неколку производи ги бришат брчките, ја оддржуваат кожата мазна и ги бришат другите знаци на стареење, а во прилог се и маски за нивно искористување.

1. МАНГО

Ги минимизира брчките и ситните линии. Богат е со витамин А и Ц. Направете маска за омекнување на кожата од манго и белки. Во блендер исецкајте го мангото, потоа додајте ги белките. Матете додека смесата не стане црврста. Оставете да делува на лицето 15 минути, а потоа исплекнете го лицето со топла вода.

2. ДОМАТ

Варениот домат има највисоко ниво на ликопен, природен блокатор на УВ зрачењето.

3. КРАСТАВИЦА

Експертите препорачуваат секој ден да го започнете со зелен сок од краставица, и зелени јаболка, кои ја црпат водата од лимфниот систем, а со тоа се намалува подуеноста на лицето.

4. ЈАГОДИ

Испласирајте три јагоди и смесат ставете ја на лице. Држете ја 10 минути и исплакнете. Јагодите прават благ пилинг, додека витаминот Ц во нив прави кожата да изгледа посветла.

5. ЦРВЕНА ПИПЕРКА

Јадете црвена пиперка за да добиете убава текстува на кожата. Богати со витамин Ц, кој ја штити кожата од сушење.

6. ЦРВЕН ПОРТОКАЛ

Изложеноста на загаденоста во воздухот, сонцето или чадот од тутун остава траги на вашата кожа. Црвениот портокал е богат со антиоксиданси, кои помагаат на кожата да се одбрани од штетните надворешни влијанија.

7. КАПИНИ

Флавоноиди, кои помагаат во зајакнување на сврзното ткиво, и витамин Ц, кој помага во формирањето на колаген, ги прави капините совршено здрави плодови.

- Реклама -