Пролетен шмек на домот

Уште не е дојден крајот на  февруари, а пролетта веќе ја буди нашата желба за промена – било да е тоа во гардероба,  фризурата или пак во домот. Во тој контекст ви нудиме три лесни и евтини начини за освежувањето на домот :

Најбрзиот и ефективен начин да создадете  промена во секоја соба од станот е декорирањето со шарени и убави перници, прекривки, чаршав. Тие создаваат чувство на комфорт и стил.

 

Друга одлична идеја  за дома е купувањето на   нови светилки. Ако пак не сакате  да инвестирате во нови, едноставно вметнете свој пролетен печат на старите.

 

Ставете акцент на една или повеќе ѕидови од домот во убава, светла боја. Ќе се изненадите какви чуда создава дури и малку боја.

- Реклама -