Пет најголеми грешки кога се брише прашина

Можеби ви се чини дека бришењето на прашина е нешто основно, што е речиси невозможно да се погреши. Меѓутоа, постојат некои работи кои многумина ги грешат, и тоа многу им ја отежнува работата. Ако сакате брзо и ефикасно бришење на прашина, избегнете ги овие пет грешки.

1. Користите пердуф-чистрач

Овие “помагала“ само ја складираат прашината од едно место на друго. Многу е подобро да се одлучите за крпа од микрофибер, која навистина ќе ја тргне прашината. Не заборавајте редовно да ја перете или менувате.

2. Ги занемарувате отворите за вентилација

На овие отвори често забораваме, а тие се буквално извор на прашина, која се шири низ целата куќа секој пат кога дува воздух. Затоа следниот пат можете со правосмукалка да ја соберете целата нечистотија што може да ја видите, и правете го тоа почесто.

3. Чистите на суво

Кога прашината е сува, лесно се разнесува и со најмалиот промев на ветер. Затоа секогаш користите спреј кој е специјано направен за чистење на прашина.

4. Спрејот го прскате директно на мебелот

Ако го правите ова, ризикувате да ви останат дамки од спрејот, кои со тек на време ќе станат само повидливи. Многу подобра алтернатива е спрејот да го прскате на крпата за чистење, па потоа избришете го мебелот.

5. Заборавате да ја исчистите торбата од правосмукалката

Торбата во правосмукалката е место каде целата прашина од куќата е собрана. Затоа е важно редовно да ја менувате или чистите, за да не заврши повторно насекаде во куќата. Ако вашата правосмукалка има филтер, тогаш редовно мијте го и менувајте го.

- Реклама -