Дали Apple планира да ги купи Tesla?

Apple можеби е во процес на купување на производителот на електрични автомобили Tesla.
Адријан Перица, главниот менаџер за купување и продажба на Apple, наводно се сретнал со извршниот директор на Tesla Елон Муск минатата година, според извештајот објавен во San Francisco Chronicle.

Исто така, се тврди дека Муск „веројатно“ се сретнал со извршниот директор на Apple Тим Кук во седиштето на Apple. Не е наведено во кој дел од годината се сретнале, ниту пак е откриен изворот на овие тврдења.

Tesla Model S review

„Додека мега-договорот допрва треба да се појави (заради сите свои пари, Apple игра „тешка“ игра на вреднување), средбите на високо ниво меѓу двата гиганти на Силиконската долина се однесуваат на нивните најдобри понуди на пазарот и се укажува дека Apple се многу заинтересирани во купување на пионерот во електричните автомобили“, се вели во извештајот.

Секако, ова не е прв пат Apple да се заинтересира за Tesla моторите. Минатата година, аналитичар во Гермаската инцестициска банка Беренберг напиша отворено писмо до шефовите на двете компании.

Во него, Аднан Ахмад изјави дека стекнувањето на Tesla ќе им даде на Apple долгорочни приходи кои паметните телефони и таблети нема.

„Знам дека ова е радикално и потенцијално “трансформативно“, но ова радикално ќе го промени профилот на раст на Apple“, тој напишал. „Во Елон Муск, може да започне партнерство и да добие нов иконски партнер за да ги води иновациите во возење на Apple“.

Apple се повеќе работи со автомобилската индустрија во последниве месеци. Особено, ја наметнува Siri интеграцијата во автомобили во обид да се блокираат слични договори помеѓу големите брендови и ривали Android и Microsoft.

И двете компании одбија да коментираат на оваа приказна.

- Реклама -