Ви ја претставуваме втората по ред највисока градба во светот, Шангајската кула, која е се уште во фаза на конструкција, но за од прилика неколку недели треба да биде официјално отворена. Епа, овие двајца Руси, Витали Раскалов и Вадим Макоров, илегално се искачија на нејзиниот врв без никакви јажиња или било каква заштитна опрема. Впрочем, единственото нешто кое тие двајца го имаат на себе, е GoPro камерата со која го одбележаа ова храбро, но налудничаво искуство.