Ново – Македонската состојба на патарините и граничните премини може да се следи во живо

Преку новиот портал на Јавното претпријатие за државни патишта, www.roads.org.mk достапни се информации за состојбата на патиштата, со видео пренос на сообраќајот на сите патарини и на најфреквентните гранични премини, преглед на тековните и реализираните активности за изградба на патишта, увид во трошоците за таа намена. Истиот вчера беше промовиран од директорот на претпријатието Љупчо Георгиевски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Порталот ги содржи сите потребни информации за тоа дали има застој на некој од патните правци, градежни активности, калкулатор за растојание,  како и податоци за моменталнатас температура.

Во секој момент секој ден се ажурира, се гледа каква е состојбата на одредени делници. Видеокамерите се ставени на сите патарини и на граничните премини. Он- лајн ги гледате во секој момент како функционираат сите наши патарини, колку се отворени, колку не се, меѓутоа и кога граѓаните ќе планираат патување, може да ја видат гужвата на одредена патарина, дали има и, секако, граничниот премин”, изјави директорот на ЈП за државни патишта, Љупчо Горгиевски.


Со новата интернет страница и транспортерите веќе нема да доаѓаат во Јавното претпријатие да подигнуваат барања, туку ќе ги добиваат онлајн.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -