Човечкиот мозок е добар во препознавањето лица. Притоа, се активираат одредени области во окципитотемпоралниот кортекс. Но што е со емотиконите (смајли)? Како мозокот реагира на нив? Можно ли е да ги гледа слично на вистинските лица што ги претставуваат?
Австралискиот истражувач Овен Чурчес решил да го провери ова, мерејќи ја електричната активност во мозоците на 20 испитаници, додека биле изложени на лица, емотикони и рандом низи од интерпункциски знаци. Кога биле презентирани смајлиња, навалени на лево 🙂 , се активирале истите области како и кај човечките лица. Но, кога биле презентирани смајлиња навалени на десно (-: , тие не ја предизвикуваат истата реакција и се препознаени како интерпункциски знаци.
Ова немало да биде случај ако сега живеевме во 1982 г. , кога бил употребен првиот емотикон. „Нема внатрешен неврален одговор кон смајлињата со кој се раѓаат бебињата. Ова е потполно културолошки креиран неврален одговор. Навистина е воодушевувачки“, како што се објаснува во Australian Broadcasting Corp.