Како и секоја година, така и сега се појави најновиот Индекс на слободата на печатот на организацијата Репортери без граници што опфаќа 180 држави. Меѓу нив Македонија се најде на 123. место, забележувајќи пат од шест места, во споредба со претходниот извештај.
Од непосредните соседи, Србија е на 54. место(бележи напредок од 10 места), Косово – 80. место (напредок од 6 места), Албанија 85. место (напредок од 18 места), Грција 99. место (пад од 14 места), а Бугарија 100. место (пад од 12 места), што ја прави Македонија последна во регионот.
Глобално, на листата оваа година, како и минатата, водат Финска, Холандија и Норвешка, а на дното се Туркменистан, Северна Кореја и Еритреја. САД бележат пад од 13 места и се 46. место на листата, а извештајот меѓу причините ги наведува пресудата за Бредли Менинг и гонењето на Едвард Сноуден.
Индексот на слободата на печатот на Репортери без граници се подготвува според шест генерални критериуми: плурализмот, независноста на медиумите, медиумската средина и автоцензурата, правната рамка, транспарентноста и медиумската инфраструктура.
Фото: Радиомоф