Го помешаа Семјуел Л. Џексон со Лоренс Фишбурн, еве како легендата возврати

Репортерот на KTLA, ветеран во областа на забавата, успеа да го помеша Семјуел Л. Џексон со Лоренс Фишбурн.

Додека го интервјуираше актерот, тој го праша околу новата реклама на американскиот Супер-Бол. Смешното е што во рекламата на Киа, главната улога ја има Фишбурн, а не Џексон.

Актерот очигледно беше навреден, а кога ќе го навредите човекот што најприродно го кажува зборот MOTHERFUCKER од сите на светот и има ваков паричник, се знае што следува. Цели две минути, Семјуел не му дозволи на новинарот да продолжи со интервјуто, да се извини, ниту да смени тема:

„Има повеќе од еден црн актер што глуми во реклами“, рече меѓу другото, Семјуел-Џи.

Сепак, на крајот, новинарот по стоти пат ја призна грешката и рече дека го заслужил секој збор од критиката.

 

- Реклама -