Еден поглед на овој цртеж ќе ви открие каква личност сте

„ Фрлете“ поглед на оваа слика – што е она што прво го гледате? Одговорот би можел да ви открие како гледате на животот.Најпрво загледајте се добро, а потоа прочитајте подоле.

Цртежот кој е познат како „ Млада и стара жена“, „ Девојка и старица“, „Сопруга и мајка“, „ Стара вештерка и млада жена“ претставува една од најпознатите оптички илузии.

Имено, на таа слика се нацртани млада девојка и старица, но така што голем број луѓе во прво време не ги забележуваат и двете. Во зависнот од тоа, во која од нив прво ќе се загледате, постојат и различни тумачења кои говорат за вашата личност.

Илузија стара повеќе од еден век

Најстарата форма на оваа илузија се појавила во Германија во 1888, за потоа да се прослави во еден американски хумористичен магазин во 1915. година. Ја нацртал британецот Ели Вилијам Хил.

Два можни одговори:

1. Девојка

Девојката на цртежот е свртена со лицето од вас, гледајќи во далечина, а од вашата лева страна страна се гледаат нејзиниот нос и трепките. Од шеширот и се вее бел вел, облечена е во раскошна бунда, а околу вратот има ланче.

Интерпретирање

Ако на сликата прво ја видовте девојката, според популарната интерпретација, која, додуша, нема потврда меѓу психолозите, вие сте со ведра природа, млад дух и склони кон оптимистичен поглед на светот.

2. Старица

Старицата е свртена од профил. Она што е уво на девојката е окото на старицата.

Интерпретирање

Ако вам на прв поглед ви се виде старица или вештерка, можно е по природа да сте песимистични и внимателни, склони кон скептицизам и со стар дух.

- Реклама -