Познатите драмски дела „Изгубени Германци“ и „ММЕ кој прв почна“ на писателот Дејан Дуковски за првпат ќе бидат изведени во Њујорк, во престижниот Продусерс клуб (Producers’ Club), на Бродвеј.
Изведбите на „Изгубени Германци“, во режија на Петар Варбанов, почнуваат од 21. март, а на „ММЕ кој прв почна”, во режија на Теодор Петелов, од 28. март.
Претставите ќе зазвучат на англиски јазик, од страна на тим составен од млади актери од САД и од Балканот.