Facebook соопшти дека околу 11.2% од сите профили во социјалната мрежа се лажни

Во рамките на извештајот за приходите во изминатото тримесечие, Facebook соопшти дека има 1,23 милијарди месечни корисници, 757 милиони дневни активни корисници, 945 милиони месечни активни корисници и 556 милиони дневни активни мобилни корисници.

Компанијата исто така соопшти дека од 5,5-11,2% од сите профили во социјалната мрежа се лажни.

Па ако се пресмета сето тоа, излегува дека во моментот на Facebook на 67,65 милиони лажни профили секој месец.

Според деталната анализа на компанијата:

  • 4.3 – 7.9% од сите профили биле дуплирани (тоа значи дека најмалку два профили имаат еден сопственик), тоа во бројки изнесува некаде помеѓу  52.89 – 97.17 милиони.
  • 0.8 – 2.1 % биле создадени од нешто не за некој, тоа во бројки изнесува некаде помеѓу 9.84 – 25.83 милиони.
  • 0.4 – 1.2 % биле не пожелни (создадени за да ги рушат правилата на социјалната мрежа), тоа во бројки изнесува некаде помеѓу 4.92 – 14.76 милиони.
Прочитајте и:  Видеоповиците на Messenger стануваат HD и со подобар звук

Сепак ова се само општи анализи, бидејќи многу е тешко да се разбере колку лажни профили навистина има на Facebook. Минатата година овој процент изнесуваше 8,35%, што значи дека оваа бројка за жал продолжува да расте.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -