Еедно девојче по име Филис напишало писмо на Алберт Ајнштајн кон почетокот на 1936 година, сакајќи од него да добие одговор на прашањето „Дали научниците му се молат на Бог, односно, дали е возможно да се верува и во наука и во религија.Прашањето и одговорот се објавени во книгата „Драг професоре Ајнштајн“: Писма на децата до Ајнштајн и назад“, која ја уредила Алис Калаприс, а еве што и одговорил славниот научник, и тоа, после само пет дена.
„ Ќе се обидам да одговорам што поедноставно на твоето прашање.
Научниците веруваат дека секоја појава, вклучувајќи ги и оние кои се поврзани со човечките суштества, доаѓа според законот на природата. Од таа причина научникот не може да биде наклонет кон верувањето дека на тие случувања може да влијае молитвата, односно желба која се манифестира надприродно.
Сепак, мораме да признаеме дека нашето знаење за тие сили е несовршено, па на крајот убедувањето за постоење на врховен дух почива на некој вид вера. Таквото верување е се уште распространето, дури и во последните достигнувања во науката.
Но, исто така, секој кој сериозно се занимава со наука останува убеден дека некој вид на дух се манифестира во законите на вселената и дека тој е далеку посупериорен од човекот. На тој начин занимавањето со наука води до религиозни побуди од посебен вид, кој се сигурно сосема поинакви од религиозноста на некој наивен“.
И иако писмото не открива многу за неговите лични ставови, неговото објаснување јасно го изразува воодушевувањето и преданоста кон науката, пренесува Huffington Post.