Скопјани и оние кои доаѓате тука, внимавајте каде ги оставате вашите автомобили, бидејќи деновите пајакот буквално здиве.
Како што информира МВР, сообраќајната полиција со помош на специјалното возило „пајак“ отстраниле вкупно 91 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во текот на денешниот ден поради проширување и реконструкција на коловозот на ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ сообраќајот ќе се одвива со изменет режим и ќе биде пренасочен од крстосницата со булевар „8 Септември“ до крстосницата со улицата „Московска“, додаваат од МВР.
Фото: Алфа