Овој неверојатен залив се наоѓа на брегот на островот Тасманија. Тој е еден од најпознатите фотографирани места во Австралија.
Го нарекуваат Заливот на винска чаша поради неговиот облик кој наликува на садот во кој што се служи овој вид на алкохол.
Блескавиот бел песок и морето со боја на сафир создаваат неверојатен поглед. И сето тоа на позадината на зелена вегетација која ја покрива внатрешноста на копното.
Тука се наоѓа и една од најголемите плажи во светот. Таа се протега на 1.7 км. Брановите тука никогаш не надминуваат метар височина. Иако не е соодветно место за сурфање, песочната лента нуди можности за риболов, пловење, морски кајак и маратон. Таа е омилено место за бегство на вљубените двојки, кои тука ја пронаоѓаат потребната осаменост.