Молчела 9 години: Јелена Розга боледува од неизлечива болест

Веќе 18 години, кога за прв пат се појави на јавната сцена, Јелена Розга мами воздишки каде и да се појави.

За себе вели дека е вистинка лавица, но признава дека најголемите проблеми во животот не ѝ биле од ниту еден маж, туку од тивкиот непријател- хипертиреоза, нарушување на тироидната жлезда.

Јелена пред девет години сфатила дека со нејзиното тело нешто сериозно се случува, и дека има здраствени проблеми. Еден лекарски преглед ги потврдил нејзините сомнежи, кога била дијагностицирана со дисфункција на тироидната жлезда.

Оваа болест предизвикува проблеми со килограмите и кожата, а Јелена до сега успешно ја криела. Сепак, одлучила да проговори, и да сподели како течела нејзината борба со нарушувањето на тироидната жлезда.

– Пред крајот на 2006 година почувствував промени на своето тело. Прекумерен замор, губење на тежината и големи проблеми со кожата. Тоа беше токму во периодот кога мојот живот се менуваше, кога си заминав од групата „Magazin“ и започнав соло кариера. Одлучив да ги испитам промените од медицинска страна, и за жал, дијагностицирана сум со хипертиреоза- изјавиа Розга за списанието „Hello!“ и открила дека секое утро ѝ започнува со хормонска терапија.

- Реклама -