Таа заработува 9000 долари месечно … Јадејќи пред веб камера

Парк Сео Ун од Јужна Кореја секој ден поминува до три часа пред веб камерата, така што… јаде и заработува пари.Во  последниот месец таа заработила на овој начин дури  9 000 долари.

Но,  таа не е единствената. Се работи за нов хит  во Јужна Кореја, кој вклучува 3. 500 луѓе во земјата како јадат пред камера. Некои од нив се спонзорирани од ресторани, други работат за себе.

Парк , пред  да почне да јаде пред камера  работела во консултантска фирма, но ја  напуштила, за да се оддаде на својата  нова „кариера”. Таа има  34 години и нејзиниот  онлајн пренос се нарекува The Diva и е меѓу најпопуларните од оваа бранша.

Зошто  да гледате човек кој јаде?

Некои го прават тоа , затоа што се на диета и не можат да јадат. Ова сепак не звучи многу убедливо – ако се обидувате да јадете помалку, веројатно,  едвај ќе гледате со часови како некој јаде вкусна храна. Другите гледачи признаваат дека живеат сами и им е здодевно да седат сами на масата, па затоа си пуштаат некој од овие канали. Во Јужна Кореја, многу луѓе живеат сами – според последните истражувања  1/3 од домаќинствата во земјата формират домови со еден човек. Очигледно осаменоста води до ова  чудно хоби … Погледнете како изгледа едно од нив.

- Реклама -