Внимавајте: Скејтер во пелени!

Кајли Стоун Кели од Австралија има само две години и веќе искусно вози скирол. Како што се споменува во видеото, малечкото момче започнало со возење уште само кога имал шест месеци, кога повеќето бебиња на таа возраст се учат да одат.

Видеото за кусо време стана вистински интернет хит, иако многумина ги осудија родителите што двегодишниот Кајли не носи кацига или штитници. Сепак, тој е во постојана придружба на своето семејство, а неговиот неверојатен талент на таа возраст е вистинско чудо.

- Реклама -