Во денешно време да се изгледа добро е вредна инвестиција, а воедно и сериозен бизнис. Бран од козметички третмани за разубавување и нови изуми во пластичната хирургија го достигнаа врвот во бизнис-сферата.
Јужна Кореја е позната по значително поевтините третмани во однос на останатите земји во светот. Во 2012 година тие само од естетските корекции разаботиле неверојатни 453.000.000 долари. Тоа е сериозен број на инјекции ботокс, импланти, подигнувања на веѓи и „променети“ носови. За многумина, ова е наједноставен начин да си го подобрат животот, да си пронајдат партнер, па дури и полесно да добијат унапредување на работа. А, во ова општество каде парите и физичкиот изглед се една од најважните работи, кој може да ги обвини што дале толкави суми на пари само за да го променат својот изглед.
Во продолжение, погледнете некои од најинтензивните пластични операции на кои се подложиле жените од Јужна Кореја.