Возбуден седумгодишник „растури“ на пијано во Шоуто на Елен

Елајас е 7-годишно ексцентрично детенце, кое за неговата возраст и тоа како умешно владее со дирките на пијаното. Сепак, во неодамнешното Шоу на Елен, малечкото хиперактивно детенце остави поголем печат по неговата слободна и весела природа, за на крајот вишокот енергија да ја „истури“ и на пијаното. Со оглед на тоа што е навистина возбуден, се надеваме дека ќе успеете да сфатите половина од она што го зборува.


И замислете, Елајас има и брат близнак, Зион, со кој подоцна во рамките на шоуто ќе рапува.

- Реклама -