Овие намирници ја влошуваат настинката

Секој знае дека кога кога сме болни или настинати, топлиот чај или пилешката супа прават да се чувствуваме многу подобро. Сепак, постојат одредени видови храна кои не се сојузници во борбата против настинката, а со нивно конзумирање симптомите може да бидат дополнително зајакнати. Дознајте кои се тие.

1. Купени овошни сокови

Исцедените домашни сокови се полни со витамини и минерали кои и тоа како му помагаат на болното тело, меѓутоа, ова правило не важи и за купечките. Ваквите напитоци содржат големи количини на шеќер, кој се врзува за крвните клетки и „ги краде“ витамините од телото, а со самото тоа го ослабува и имунитетот.

2. Пржена храна

Пржената храна не е здрава за организмот дури ни кога сме здрави, а замислете колку само е штетна на тело кое е ослабено од вирус. Таа е преполна со заситени масти , кои се тешко сварливи и можат значително да го нарушат дигестивниот систем на телото за време на боледување.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

marinades_main

3. Кафе

Кога сме болни треба да го зголемиме внесувањето на течности во телото. Кафето или кофеинот како главна состојка на црниот пијалок, делува како моќен диуретик кој може да предизвика дехидратација на веќе ослабеното тело.

4. Кисела Храна

Ваквите намирници можат дополнително да ја изиритираат веќе оштетената слузница, и со самото тоа да ги зајакнат симптомите на настинката. Пример: скиселен зеленчук, цитрус, портокал, домати итн… Цитрусот препорачливо е да го исцедите во некој топол пијалок заедно со мед.

5. Алкохол

Исто како и кафето, и алкохолот предизвикува дехидрација, а мешањето на алкохол со некои лекови значително го намалува нивното дејство.

- Реклама -