eNVy room ја претстави новата невестинска кампања инспирирана од големата љубов на Миливој Дежман и Лјерка. Лејди Шрам и урбаната легенда за духот на убавата актерка.
Модната двојка eNVy room ја претстави својата нова колекција на венчаници, а локацијата на фото-снимањето биле избрани распаднати ѕидови на поранешната еминетна болница за туберколоза Брестовец, Загреб, чија градба ја започнал Дежман со обид да го спаси животот на својата сакана дама Шрам.
Колекцијата ја слави женсвеноста и сензуалноста изработена од висококвалитетен материјал како чипка и свила, но и ласерски гравирана вештачка кожа. Венчаниците ја следат линијата на телото или се раскошно набрани во струкот, а се најдоа и некои венчаници со должина под колената како и оние од plissé.