Креативни килими за топол дом

Изборот на килим не е комплициран. Основното правило е да ја истакнува  индивидуалноста на секоја просторија од домот . Најлесно се комбинира моделот со стилот на ентериерот, а важно е да постигнете  рамнотежа помеѓу елементите на декор. Ако тие се повторуваат во мебелот, тогаш треба да ги има и во килимот, но исто така важно е и кои бои преовладуваат.

 

Сепак определувачка е и местоположбата на домот- во модерен град, село или пак доколку имате  богата куќа. Во првата варијанта се претпочитаат  релаксирани декорациски модели, на вториот одговара рустикален стил , додека кај третиот најмногу одговараат  барокни  примероци.

Интересно решение е купување на килим во контраст со целата атмосфера – тогаш тој ќе добие  ефектен акцент, под услов да е квалитетен и скап. Тогаш се нагласува бојата и храбриот  дизајн. Достапни се и неутрални теписи. Кај нив дизајнот е свесно поедноставен, а нијансите меки и пастелни.

Ќилимите со долги и густи влакна станаа популарни во 70-тите години на минатиот век. Тие се меки,  топли  и во исто време се сигурна звучна изолација. На  нив е пријатно да се чекори бос и затоа е добро да ги имате во вашата спална соба. Ако во внатрешноста преовладува духот на чистота од дивината, тогаш  најпогодни се влошките од бамбус, лен или сисал. Меѓу најбараните се и моделите од влакна на коноп, коприва, банана, морска трева, а дури и од алги. Тука акцентот е не толку на шарите, колку врз цветоветe.

- Реклама -