Зошто невестата носи букет?

Сте се запрашале ли некогаш зошто невестата носи во рацете буќет со цвеќиња додека пристапува кон олтарот? Очигледно  ова е една од оние особено важни традиции на свадбениот ден, а денес добива многу пософистицирана верзија од нејзините корени.

Уште во Античка Грција била  прифатена идејата  невеста и цвеќе. Во рацете невестата  носела  китка од билки и треви за кои се верувало дека ќе го заштитат семејство од болести и зли духови.

На Балканот  во минатото во невестинскиот букет исто имало билки, а  кон нив се додавале и  стебленца на жито и лук, со кои наводно, се истерувала лошата среќа, а истите навестувале и  многу деца во семејството.

Постојат бројни традиции поврзани со невестинските  букети. Најпознатата од нив е онаа во која невестата го фрла кон неомажените девојки, па онаа која ќе го  фати,  ќе биде следната невестата.

Според некои обичаи, пак, невестата треба да го фрли букетот во  вода, односно во река,  на првата годишнина од свадбата.

Во продолжение погледнете неколку нетипични букети…

За повеќе слободоумна свадба агенции нудат букети од накит, копчиња и ткаенини: Најчудните свадбените традиции Популарни се и металните букети кои по свадбата се користат за декорација на домот:

b29 b26 b21 b4

 

 

- Реклама -