Една мачка се вратила кај својот газда во Бретанија, Западна Франција, после долгогодишно отсуство од дома, пренесува француска телевизија.
„ Дојде и само се галеше околу мојата нога. Ја препознав по очите. Тоа е нашата мачка, се врати дома. Тоа е Олива“, вели весело газдата на миленичето, Патрик Ле Ру.
Телевизијата „ Frans 2 TV info” ја пренесе изјавата дека газдата ја препознал мачката, но се поставува прашањето дали и таа го препознала него.
„ Кај животните е поинаков обликот на паметење, отколку кај луѓето. Мачките и кучињата го препознаваат газдата по изгледот, а особено по мирисот. Меѓутоа, мачките се враќаат дома не поради љубовта кон газдата, туку поради удобноста и убавите навики кои ги стекнале“, вели специјалист за домашни миленичиња.
Според нејзините зборови, мачката може да го препознае газдата после 10 години, но за тоа време создала нови навики.
„Мачката ќе се врати во стариот дом ако е исфрлена од новата територија. Животните тогаш го препознаваат стариот газда и повторно се во врска, која не е љубов, како што тоа го замислуваат луѓето“, додава ветеринарката.
Французите многу сакаат да имаат домашни миленичиња, на кои им посветуваат огромно внимание. Најмногу чуваат кучиња, мачки, зајци, морски прасиња и птици.