Топ 7 работни места со најмалку стрес

Стресот стана составен дел од речиси секое работно место… Но, иако се чини речиси невозможно, во денешно време на криза и рецесија постојат работни места кои не доведуваат до стрес. Се разбира, ова не се однесува на локалната бирократија и државна служба… Во суштина, ова е листа на најнестресни професии денес.

Каква што е ситуацијата на пазарот на трудот исклучително хаотична и факт е дека за секое работно место има најмалку пет идеални кадидати и двајца роднини, секогаш сме во страв дека некаде ќе направиме грешка, и дека работодавачот веднаш ќе не замени со некој друг. Сето тоа води до екстремна изложеност на стрес. Но, и покрај ова, сеуште постојат професии во кои стресот е непозната работа.

Професор на факултет

Секоја чест на сите професори, треба да знаат да го пренесат своето знаење на младите умови. Ако ги прашате нив, тие ја работат една од најстресните работи во светот. Но, единствено нешто од кое можат да стравуваат намалување на платата или приход од авторски права. Во реалноста тие немаат баш преголема одговорност. Без оглед дали студентите доаѓаат на предавања или не, платата навремено ќе легне на сметка. А ако малку им стане стресно, секогаш можат да го „искажат“ тоа на своите студенти и да ги „буткаат“ на испити. Со сета почит кон исклучоците, и прекрасните професори.

2014-01-22 15_38_53-Google Image Result for http___www.sterlingstyleacademy.com_images_Personal_Shop

Стилист

Тие бараат и купуваат облека за своите клиенти. Ако внимаваат на деталите и имаат смисла за мода и ПР, многу добро заработуваат. Зошто оваа професија не е стресна? Па шопингот преку целиот ден и уште си платен за тоа. Некои би умреле за оваа работа. И фактот дека многу продавници имаат посебни попусти за професионалните стилисти- е дополнителна предност на оваа работа.

Техничар за медицинкси податоци

Работата на овој вид техничар е следење на податоците, одржувајќи ги уредни и достапни за докторите и фармацевската индустрија. Па се што треба да знаете се основите на Excel и секојдневно да ги внесувате податоците и за тоа да ги информирате своите претпоставени. Добро, сепак треба да се совлада Excel…

Златар

Да се биде сопруга на златар е сон на многу спонзоруши низ целиот свет. Златарот работи воглавно во своите работилници далеку од очите на јавноста. Нивната работа е да брусат драги камења и да ги обликува, и да ги спремат за продажба. Иако се работи за работа која бара голема прецизност, може да се претпостави дека стесот не е пропратен ефект на оваа работа. Бидејќи сè што ќе се згреши може повторно да се преправи. Карат плус-минус…

Техничар во лабораторија

Главно работат во лабораторија анализирајќи различни примероци. Нивното работно време се состои од многу примероци кои треба да се анализираат и многу слободна мисла. Отстранати од очите на јавноста уживаат во својот мир без сметање. Кој не би уживал сам со себе и стотици различни примероци?

Нутриционист

Во постојаната борба со килограмите, нутриционистите станаа барани луѓе. Им помагаат на луѓето како да јадат и да живеат поздраво, оваа професија денес може да биде многу исплатлива. Стресот во оваа работа е непознат збор. Само не смеете да се здебелувате.

Библиотекар

Да се биде библиотекар сигурно не носи многу стрес. И ако сте повлечена личност која сака тишина тогаш работа во книжарница или библиотека е вистинското место за вас. Со неограничен пристап до знаење, работата во библиотека е работно место без стес.

- Реклама -