Нова хорор скриена камера: Демон бебе!

Како би реагирале кога до вас „би пристигнала“ количка од која се слуша бебешки плач? Веројатно би пришле со намера да помогнете и да го смирите слаткото бебенце. Но, истата грешка ја направија и случајните минувачи од Њујорк, па кога се појави ова минијатурно ѓаволче пред нив, бегаа како избезумени.

Станува збор за уште една хорор скриена камера чија цел е да направи промоција на филм кој допрва треба да се емитува низ кино салите.

Имено, после „Carrie“, и продуцентите на „Devil’s Due“ сфатија дека со ваквата реклама не можат да погрешат. Дека беа во право, говори и фактот што ова видео на YouTube за само три дена собра речиси 30 милиони прегледи.

[youtube]http://youtu.be/PUKMUZ4tlJg[/youtube]

- Реклама -