Со оглед на тоа што повеќето се подготвуваат да излезат вечерва и да си поминат лудо, време е да ве „потковаме“ со неколку совети кои одлично ќе ви се најдат за претстојниот викенд. Најдобар начин да се решите од мамурлукот, е да јадете храна која ќе ви одговара. Не е добро да пиете на празен стомак, а еве кои намирници ќе ја спречат несаканата утринска мачнина:
1. Пуканки со путер
Пуканките, а особено оние со путер, помагаат при впивањето на алкохолот кој ќе го испиете.
2. Кисели краставички
Алкохолот предизвикува детоксикација. Киселите краставички во себе имаат доволно вода и сол за да го исполнат вашето тело со електролити.
3. Бадеми
Грицкајте бадеми пред или непосредно по излегувањето за да би ја спречиле појавата на мамурлук.
4. Хумус
Алкохолот ја намалува содржината на витамиот Б во вашето тело, а хумусот е токму онаа храна која ќе ви помогне да ја вратите.
5. Јајца
Тие се одлична превенција против мамурлукот. Јадете ги пред да излезете и започнете да пиете.
6. Млеко и колачи
Млекото и колачите ќе му годат на вашиот стомак, а воедно и ќе ја спречат појавата на мамурлак после бурната ноќ.