Старецот од Шведска кој стана Интернет сензација

Бо Бергман, 73 годишен старец од Шведска, кој живее во тивкото место Simlångsdalen, со популација од само 500 жители со сигурност не ја чита оваа статија. Не само заради фактот што таа е на Македонски јазик, тука затоа што Бо навистина го мрази Интернетот. Многу.

ku-xlarge
Всушност, омразата кон Интернетот на Бо Бергман е толку јака што тој морал да се впушти во акција, да земе лист хартија, пенкало и да го изрази својот револт кој подоцна ќе го објави во локалниот весник. Бергман имал единствена желба која ја истакнува во текстот- Интернетот да згасне засекогаш и да го снема.

Писмото кое е напишано на Шведски јазик, со помош на Google Translate успеа да допре до повеќе домови и канцеларии ширум светот, за да стане вистинска сензација и да биде прогласено за ремек дело.

Во писмото кое беше објавено во локалниот весник на Simlångsdalen, меѓу другото Бо Бергман порачува:

angry-old-man

– “Технологијо! Јас доаѓам од аналогно време, а светот го гледам онака каков што тој е, а не како помладите кои немаат јасен став за светот затоа што немаат со што да се поврзат, а немаат ниту со што да се споредуваат. Јас сум стар, но ја гледам слепотијата на младите која длабоко ме депримира.

Станати се робови на машините. Погледнете наоколу…насекаде луѓето стојат и зјапаат во компјутерските екрани! Погледнете во секоја канцеларија, кај докторите, книжарите, ги има на секое место, користите ги вашите очи, вашиот мозок, а не компјутерите!

Оваа компјутерска проституција ќе ја наречам, е токму тоа- проституција на која многумина се натерани за да донесат храна на своите маси, но денеска ви треба повеќе време да извршите обична задача отколку што ни требаше пред 20 години. Невидено!” – истакнува тој.

 

Погледнете го писмото на шведски јазик ТУКА.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -