Кина гради копија на Титаник за 165 милиони долари

Кинеска енергетска компанија ќе потроши 165 милиони долари за копија во природна големина на  „Титаник”, кој потона пред повеќе од еден век. Репликата ќе биде дел од тематскиот парк во провинцијата Сечуан. Бродот  што ќе биде изграден, ќе биде егзактна копија на оригиналот на „неуништливиот“ патнички брод.

Титаник се удрил во санта мраз во Северниот Атлантски Океан во 1912 година, при што загинале повеќе од 1.500 лица.

Познатиот брод е предмет на огромен интерес во Кина, особено по филмот на Џејмс Камерон од 1997 година со учество на Кејт Винслет и Леонардо ди Каприо.

Малку познатата кинеска енергетска компанија Seven Star Energy Investment ќе потроши  165 милиони долари за да ја отствари целта.

Новинската  агенција Ксинхуа јави дека ќе се направи обид да се симулира атмосферата при сударот на луксузниот брод со ледениот брег. Не се дадени повеќе детали како ќе биде повторен смртоносниот судир.

Изградбата на бродот, долг 270 метри, ќе биде завршена за две години. Но кинеската компанија не е единствената, која сака да  рекреираат копија на „Титаник”.

Австралискиот магнат Клајв Палмер го претстави планот за изградба на реплика на познатиот брод кој се очекува да го направи своето прво едрење преку Атлантикот во 2016 година

- Реклама -